Каналот кој го труе Арачиново ќе се претвори во парк, беше еден од проектите што ги вети кандидатот од редовите на АА-ААА, Наим Синани на предизборната дебата на ТВ21.
Каналот го труе Арачиново, тој канал ние не само што ќе го затвориме туку ќе го претвориме во парк, во место каде што младите и старите ќе можат да седнат и да одморат – истакна Наум Синани.
Кандидатот на ДУИ, Ридван Ибрахими рече дека во институциите ќе бараат Арачиново да добие вода и канализација.
Бирото за регионален развој при Министерството за локална самоуправа, Министерството за животна средина и просторно планирање, секоја година има проекти, и е директно одговорно за водата и канализацијата. Ние ќе аплицираме со проект сигурно бидејќи е нешто елементарно, не бараме нешто што другите го немаат – посочи Ридван Ибрахими.
На крајот двајцата кандидати си ветија меѓусебна поддршка доколку едниот од нив не помине во втор круг.
Хипотетички, едниот од вас оди, подготвени сте да си понудите еден на друг поддршка во вториот круг доколку другиот не помине?
Подготвени сте?
Н.С.: Секако дека да.
Во АА нема гласач кој гласа за македонски субјект, ние целиме кон победа но на крајот за нас победата е победа на кандидати од албанските партии.
Дали можам ова да го разберам како Да?
Н.С.: Секако дека да.
На дебатата поканета беше и актуелната градоначалничка и кандидат за втор мандат, Миликије Халими, но таа не дојде да зборува за нејзината четиригодишна работа на чело на општината и за идните планови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.