Новата кафе-атракција на скопјани е кафулето „Трибека“, лоцирано на плацот на „Паркови и зеленило“ во близина на скопската гимназија „Орце Николов”. Оранжериите и расадниците воопшто не се проблем за скопските шемаџии. Тоа се чини не им пречело ниту на раководителите на ова јавно претпријатие кога ја издале оваа локација, пишува МКД.мк.
Официјалната цена за закупениот простор на оваа локација е 356 евра за еден месец за 75 квадратни метри. Договорот е на пет години.
Просторот е издаден со јавен оглас за издавање во закуп по пат на јавно усно наддавање, објавен во два дневни весници Нова Македонија и Коха со оглас бр. 02/2019 од 05.07.2019 г. на ден 6.7.2019 г. На објавениот оглас за овој објект учествуваше еден понудувач – правно лице, Мегатон продукција, друштво за промотивни, маркетиншки и продукциски услуги ДООЕЛ Скопје, со адреса 11 Октомври бр.1-А Скопје -Центар, управител Фросина Трпчевска, сопственик на правното лице е Зоран Столевски. Износот на закупнината е 365 евра месечно плус ДДВ 18% во денарска противвредност. Во договорот нема издаден простор за паркинг – велат за МКД.мк, од „Паркови и зеленило“ и додаваат дека објектот порано бил продавница за цвеќе, која повеќе години работела нерентабилно.
Издадени се 75 метри квадратни, а кафулето работи на повеќе од 300 метри квадратни. Во договорот нема издаден простор за паркинг, но сите улички меѓу оранжериите и расадниците на „Паркови и зеленило“ се претворени во паркинг.
За неускладеноста на бројките од 75 и 300 квадрати еве што велат од „Паркови и зеленило“: Предмет на договорот е издавање на објект со наведената квадратура и отворен простор за летна тераса. Закупувачот има обврска да ги обезбеди потребните дозволи за обавување на својата дејност и поставување на урбана опрема пред надлежните институции!
За овој договор на „Паркови и зеленило“ засега нема никакви реакции од градоначалникот и од Советот на град Скопје, а ниту пак од другите надлежни институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.