Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) деновиве при вонреден инспекциски надзор во простории на правен субјект во рамки на поранешен ОХИС откриле хемикалии и опасен отпад, за кој досега не се знаело.
Со Записник е утврдено е дека во некои градежни објекти и садови во кои се чувале хемиски средства што ДППУ “Хемиски Инженеринг” ДОО Скопје ги превзело по стечајот на ОХИС во 2018 година, има наследено неодредена количина на хемиски средства и опасен отпад од пестициди со неодредена количина и истите не се евидентирани, за чие постоење не е известено ниту Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Државниот инспекторат за животна средина, велат од ДИЖС.
Инпекторот за животна средина во ѕидан објект од околу 100 квадратни метри, затворен со метална врата и заклучен со катанец, затекнал пестицид линдан во оригинално пакување во книжни вреќи од 30 килограми, складиран на дрвени палети, во вкупна количина од околу 3.100 килограми.
Исто така во близина на објектите каде се вршела електролиза, затекнати се три затворени метални цистерни со волумен од околу 25 кубни метри во кои се чувало хлор, со непозната состојба за содржината на хлор во нив. Во непосредна близина се забележуваат активности на сечење на метални цевки и други метални предмети и објекти за што исто така не е известено ниту Министерството за животна средина и просторно планирање, ниту Државниот Инспекторат за животна средина со известување за намера, потенцират од ДИЖС.
Инпекторот го задолжил правниот субјект ДППУ „Хемиски Инженеринг” ДОО Скопје да изврши лоцирање, утврдување и попис на преостанатите затекнати хемиски средства и опасен отпад во превземените објекти и во кругот на поранешен ОХИС – и тоа да го направи во рок од 3 месеци и за тоа да го извести ДИЖС.
Исто така, да не се превземаат никакви активности врз градежните објектите и резервоарите или цистерни во кои се чувале хемиски средства, без да го извести за тоа Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.