Во последните 24 часа во Македонија се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на Ковид-19 од кои во Скопје се 39.

И понатаму три скопски општини се со трицифрени бројки кога станува збор за активните случаи. На врвот убедливо е Чаир со 110, потоа Гази Баба со 107 и Аеродром со 101 активен случај.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):

• Чаир – 110

• Гази Баба – 107

• Аеродром – 101

• Кисела Вода – 96

• Центар – 90

• Карпош – 86

• Бутел – 65

• Ѓорче Петров – 55

• Шуто Оризари – 32

• Сарај – 28

• Студеничани – 19

• Арачиново – 16

• Илинден – 11

• Петровец – 9

• Сопиште – 6

• Чучер Сандево – 6

• Зелениково – 4

• Странец – 5

• Нераспределен – 1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.