Аеродром, Гази Баба и Карпош се трите скопски општини во кои во моментот има над 1.000 активни случаи на Ковид-19.
Во Аеродром се активно заразени 1.205 лица, по што следуваат Гази Баба со 1.066 и Карпош 1.032. По нешто помалку од 1.000 заразени има во Центар и Кисела Вода, каде се регистрирани 982 и 964 случаи со Ковид-19.
Во Ѓорче Петров има 639 заразени, Чаир – 458, Бутел – 400, Илинден – 192, Шуто Оризари – 132. Во останатите скопски општини бројките се двоцифрени.
Во главниот град во моментов има 7.756 активно заразени лица, откако во последниот извештај на министерството за здравство тука беа регистрирани над 500 нови случаи.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 43.835, бројката на оздравени пациенти е 25.782, на починати е 1.238, а бројот на активни случаи изнесува 16.815.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.