Во Скопје од почетокот на епидмеијата предизвикана од ковид-19 се регистрирани вкупно 8 277 случаи, од нив во моментов активни се 1 586. Скопје речиси секојдневно, во дневната статистика на Министерството за здравство за состојбата за ковид, е град со најмногу нови регистрирани случаи.

Денеска од вкупно 393 нови случаи, во Скопје има 189, а во главниот град оздравени се 34 лица.

Во главниот град во моментот има три општини со по над 200 активни случаи. Најмногу има во Центар – 288 и Аеродром – 282, а во Карпош – 276. Веднаш зад нив се со по над 100 активни случаи се Кисела Вода – 178, Гази Баба – 163, а во Ѓорче Петров – 129 случаи.

Во Чаир има 83 активни случаи на Ковид-19, веднаш потоа Бутел со 62. Општина Илинден има 33 случаи, 17 во Сарај, три помалку 14 се регистрирани во Шуто Оризари. Следуваат:Сопиште – 8, Петровец – 7, Чучер Сандево и Зелениково со по 4 и по 3 активни случаи имаат Студеничани и Арачиново.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.