Советот на Град Скопје на денешната 9-та вонредна седница донесе Одлука за давање помош на настраданите од катастрофалниот земјотрес во Измир. Со оваа одлука, како израз на солидарност за настраданите, Градот Скопје дава помош во износ од 3 милиони денари, износ што го доделуваат на сите градови за вакви и слични неприлики.
Градоначалникот Шилегов на седницата истакнал дека Скопје знае што значи солидарноста во време на природни катастрофи и затоа потребата да се помогне на нашите пријатели во неволја е нужна и неминовна.
Тој, до градоначалникот на Измир, Тунч Сојер, упати длабоко сочувство за настраданите и му посака брзо санирање на штетите и враќање на животот во нормала.
Бројот на жртвите од силниот земјотрес што се случи во петокот во егејскиот регион се искачи на 81.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.