Три деца од основното училиште Владо Тасевски во Козле, се во домашна изолација од денеска откако вчера во 15 часот и 30 минути било укажано дека сите дерматолози кои биле на симпозиумот во Рагуза, треба да останат дома со своите семејства. Двајца родители на децата, биле на тој симпозиум, објави „Слободен печат“ од официјални извори во училиштето.

Сепак, отсутноста во ова основно училиште не е зголемена. Сите други деца доаѓаат на настава редовно.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.