На 14 јуни 2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија од Град Скопје.
Оттаму посочуваат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција во текот на денот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, апелираа од Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.