Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, во вечерашното интервју во емисијата „Филибастер“ на Радио Лидер, изјави дека кога заминал од градоначалничката функција на Град Скопје, оставил полна каса пари, како и потпишани договори за капитални прокети и проекти во тек на изградба, но и проекти кои во голем дел биле целосно завршени.
Му оставив полна каса пари, милијарда и 250 милиони денари или околу 21 милион евра и дополнително 4 милиони евра кои се побарувања од Валдата за учеството за изградбата на спортската сала Борис Трајковски. Прибира некаде околку 35 до 40 милиони евра, од тие веќе 25 милиони му оставивме во касата. Имаше потпишано договори за капитални проекти, му оставив проекти во тек на изградба, исто така околу 20 проекти во документација, во најголем дел целосно завршени, а одреден дел беа распишани тендери за тие проекти – изјави Трајановски.
Трајановски смета дека сегашниот градоначалник Петре Шилегов дури и ништо да не работел, администрацијата ќе можела да ги заврши тие проекти, како што и во овој период биле завршени.
Во прво време велеше дека Трајановски не ми остави никакви проекти, па по извесно време рече остави, но не се добри, за на крајот да излезе дека по тие проекти ги распиша тие тендери и ги заврши. Немаше шанси да ги заврши ако не беа тие проекти готови – додаде Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.