Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски преку својот Фејсбук профил апелира до градоначалникот Петре Шилегов да побара помош од збратимениот кинески град Нанчанг.

Сакам уште еднаш да го повикам Градоначалникот Петре Шилегов доколку сеуште не побарал помош од збратимениот кинески град Нанчанг, тоа да го стори најбрзо што може. Верувам дека веднаш ќе испратат помош која ни е потребна во медицински материјали, мобилни болници, медицински персонал. Не е време за политика и геостратешки игри. Ве молам сторете го тоа за доброто на жителите на Скопје и Македонија, напиша Трајановски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.