По најавените високи температури деновиве, кои во одредени делови во државава ќе достигнат над 40 степени Целзиусови, Црвен крст на град Скопје, со поддршка на град Скопје од денеска ќе започнат со делење на вода и информативни флаери за граѓаните со цел полесно справување со најавени топлински бранови.
Мобилните екипи составени од волонтери од Тимот за одговор при катастрофи од петте Општински организации во Скопје, од среда до петок ќе патролираат низ градот, од 11 до 16 часот, при што се планира да бидат дистрибуирани 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.
Ќе бидат ангажирани 16 волонтери распоредени во четири тимови со исто толку возила.
Со овие активности ќе се вклучиме во делот на заштита на здравјето на граѓаните во нашиот град, со посебен акцент на превентивни и теренски активности од страна на наши обучени волонтери – соопштија од Црвениот крст на град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.