Од денеска во Скопје тестови за коронавирусот ќе се прават во Поликлиника Чаир, а како што е најавено до крајот на неделава и во Поликлиниката „Идадија“. И во новите пунктови, граѓаните ќе може да се тестираат откако претходно ќе бидат закажани од страна на матичните лекари.
Увидот е завршен во сите, приватни институции, во двете приватни болници „Жан Митрев“ и „Систина“, во лабораторијата „Авицена“. Во текот на денешниот ден, увид ќе биде извршен и во и во лабораторијата „Биотек“, нагласи министерот Венко Филипче на вчерашната прес-конференција.
Наскоро, како што најави министерот, уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.