Тешка сообраќајна несреќа вчера попладне се случи кај селото Семеништe во општина Сарај.
Околу 19 часот на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај Семениште, се судриле патничко возило „БМВ“ со австриски национални ознаки, управувано од Х.И. (20) од Скопје и патничко возило „Југо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А. (39) од с. Буковиќ, скопско.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Н.А., а сопатникот од истото возило Ф.А. (37) и возачот на другото возило Х.И. се здобиле со телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.