Во знак на симболично одржување на традицијата за формирање бадникови поворки на радоста и свечена најава на Христовото Раѓање, денеска точно во 12 часот во Скопје, озвучено возило на Здружението, во придружба на полициски возила, ја помина традиционалната патека на движење на бадниковите поворки во Скопје, од црквата „Св. Димитриј“ до Соборниот храм.
Овој пат, без физичко присуство на луѓе, песната “Вечниот Бог” ечеше од звучниците на возилото, во исто време, кога и на покана на “Бадникови поворки”, голем број деца и нивните семејства, во домашни услови, ја пееја коледарската песна и испраќаа силна заедничка молитва и порака за обединување на народот во вербата и надежта за подобро утре.
Се надеваме дека оваа Бадникова поворка, ќе биде последна ваква без народ, велат од Бадникова поворка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.