Испровоциран од сè поголемото аерозагадување во земјава, машинскиот инженер Пандо Петковски од Скопје заедно со неговиот татко пред една година почнале да прават уред кој ги собира не само опасните ПМ честички, туку и сите канецерогени материи што излегуваат од оџаците при согорување на цврсти горива.
Заедно решивме да направиме филтер кој нема да користи течност за неутрализација на штетните материи, односно ќе биде сув. Самиод уред се состои од факач на на ПМ честички и се одбиваат и се таложат во таложник кој потоа може да се исчисти. Уредот има смерник кој ги насочува гасовите добиени од согорувањето во филтер кој е составен од порозна бронза и активен јаглен, рече Петковски за „Сител“.
За изготвување на механизмот им била потребна многу мала инвестиција која може да си ја дозволи секое семејство. А се користат и помалку дрва за огрев.
Патентот на Петковски неодамна бил награден со бронзен медал на Саем во Тајван во конкуренција од над 1500 иновации.
За изумот на Петковски биле заинтересирани неколку странски компании, но тие сакаат да помогнат во намалување на загадувањето во земјава и се надеваат дека надлежните институции ќе покажат интерес овој систем да остане во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.