Вчера Оливера Трајковска онака најбрутално му ја уништи кампањата на Шилегов. Го намести ко кревет, пишува актерот Сашо Тасевски.
Си тече интервјуто онака лабаво и на крај, во с(т)удиското време, Оливера го прашува: Не сметате дека тоа што користите лош речник за вашите противници не му личи на еден градоначалник? Еве на пример кога го нарековте Дурловски оперска певаљка.
И Шилегов на тоа одговара. Не само што е певаљка туку е, фашист! Хушкаше народ да убива пратеници на 27 април!
На тоа Трајковска му враќа: Немојте така сепак, оваа квалификација е многу тешка, па судот го ослободи.
И тука Шилегов не застана туку продолжи да везе: Па и Шешељ го ослободија во Хаг, па што, за мене е крив. Исто и Дурловски. Фашист е! Фашист!
Трајковска намерно наведнала глава и ќути, го остава да се дозакопа, а овој збори ли збори на тема фашистот Дурловски.
А бе цепки.
Си ја јоктоса цела кампања.
Колку е лошо кога ароганцијата ќе ја преземе твојата личност кога си на власт. Се губиш. Лошо е кога си во близина на таков човек, особено ако е човек од власт и моќ. Најлошо е за него самиот.
Зашто колку е пропаста поблизу до него, толку повеќе зема сила дека е над неа и дека е недопирлив. Не ја забележува.
Ароганцијата старата болка на СДСМ.
Фелер поради кој изгубија 100 избори и не можеа да се вратат на власт до 2017, кога ја презедоа со помош на фирми ќерки на ЦИА.
Веќе долго време не газат на земја. Заев и сите околу него се станати толку арогантни, што секој ден таа маана им кине барем по 100 гласа.
Рано ви е зимата. Почаламете се уште малку. После че биде пишЧење и вришЧење – коментира Тасевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.