Со настап на Градскиот дувачки оркестар и одржување на изложбата на отворено „Сигналитика на централното подрачје на Скопје“ свечено е пуштен во употреба кејот „13 Ноември“ во центарот на Скопје.
Како што информираше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, реконструкцијата на кејот опфатила 12.500 метри квадратни метри уредување на целокупната површина којашто е концептуално поврзана со објектите кои што гравитираат по кејот, или таканаречените скопски кафулиња на кеј.
Во оваа насока беше изведено целосно ново приклуклучување, целосно нова и за прв пат интегрална патека за лица со инвалидитет. Поставени се нови клупи, нови корпи за отпад, нови жардињери за дрворедот кои што целосно ги ослободуваат корењата на дрвата како и канделабри, рефлектори за осветлување, но и бетонски и нови електрични столбови заради реализација на забраната за паркирање на овој простор – кажа Шилегов.
Како што посочи Шилегов, ослободено е повеќе место за пешаците и велосипедистите преку целосно спречување за можноста за нелегално паркирање на овој простори и сериозно ограничување на возилата коишто ќе можат да ја користат или воопшто да не ја користат, она што порано беше познато како сервисна улица за возила.
Кејот има доволно простор за сите негови корисници, односно за граѓаните коишто може да го користат за прошетки, за одмор и релаксација, па сѐ до бизнисите коишто тука постојат повеќе децении, со цел да угостителската традиција во Скопје продолжи во најпозитивен можен правец – дополни Шилегов.
Тој додаде дека, во најлошата варијанта, не може да се зборува за повеќе од 20 возила дневно кои што ќе можат да се обраќаат вкупно еден час наутро и еден час попладне. Шилегов дополни дека дотурот на роба ќе се врши преку Градскиот Трговски Центар бидејќи, како што рече, рестораните се дел од економскиот оператор на ГТЦ.
Со реконструкцијата, терасите кои што ги користат угостителските објекти сега се унифицирани, со исти димензии, организирани, на начин со којшто може да дојде до израз изгледот на кеј „13 Ноември“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.