По реакциите на студентите кои беа оставени на улица пред стартот на септември, бидејки немаа известување во кои студентски домови се примени и дали воопшто може да сметаат на свое место во еден од студенстките домови, Министерството за образование и наука конечно ги објави резултатите од конкурсот за прием на студенти на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година – за градот Скопје.
Во соопштението на веб страницата на МОН е наведено дека по објавување на резултатите, студентите имаат право на приговор во рок од пет дена, (од денот на објавување на резултатите) кој се поднесува во архивата на Министерството за образование и наука – со назнака до Комисијата за студентски домови за градот Скопје.
Напоменуваат дека согласно објавениот Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во студиската 2019/2020 година, сместувањето во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје, ќе се врши само во реновираните блокови А и Б.
Резултати по приговорите, ќе бидат објавени на интернет страната на Министерството за образование и наука на 23 септември.
Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Гоце Делчев – Скопје
Список на примени кандидати од повисоките години кои аплицирале во Гоце Делчев – Скопје, но поради ограничен број на места, примени се во други домови во Скопје
Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу – Скопје
Список на примени кандидати од повисоките години во студентскиот дом ДСД Пелагонија – Скопје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.