Жителите на општината Ѓорче Петров преку статус на Фејсбук информираат дека во сабота во 12 часот напладне ќе одржат протест против урбаната мафија во општината.
„Откако по двонеделно игнорирање на нашите барања од страна на општината за ревидирање на ДУП СЗ 24 Јурија Дексион, за да се намали градежниот габарит и висината на зградите, ние граѓаните на населбата Дексион организирани во Иницијатива против урбано дивеење ќе излеземе на МИРЕН ПРОТЕСТ во:
– САБОТА (12.09) ВО 12ч. И ЌЕ ЈА БЛОКИРАМЕ ГЛАВНАТА УЛИЦА ЃОРЧЕПЕТРОВСКА, веднаш пред локацијата Јурија каде што ќе се градат овие згради !
Протестот ќе биде мирен и достоинствен, ќе се почитуваат сите заштитни мерки за Ковид 19, а неговата цел ќе биде испраќање порака дека условите за живот на граѓаните се пред парите и урбаната мафија !
Нашите барања мора да бидат прифатени и овој криминално донесен ДУП мора да биде ревидиран !
СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПРОТЕСТ ВО 12ч. ВО САБОТА !!!“, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.