Ѓорчепетровци во сабота излегуваат на мирен протест, велат точно на пладне ќе ја блокираат главната улица во населбата. Граѓаните на населбата Дексион организирани во Иницијатива против урбано дивеење вела ова следува откако и по две недели се игнорирани нивните барања од страна на општината за ревидирање на ДУП „СЗ 24-Јурија Дексион“, за да се намали градежниот габарит и висината на зградите.
Утре, сабота (12.09) во 12ч. ќе се одржи мирен протест против изградбата на БЕТОНСКИ ЅИД од 58 метри на месноста Јурија, кој ќе содржи 800 станови и над 3.000 нови жители. Улицата Ѓорчепетровска ќе биде блокирана за сообраќај со цел подигање на свеста кај локалната самоуправа, за измена на овој САМОУБИСТВЕН план кој ќе биде КАНЦЕР за Ѓорче Петров. Се обидовме на сите можни начини да допреме до надлежните, ама за жал не наидовме на слух и овој начин ни остана последен, велат од иницијативата.
Оттаму ги повикуваат сите граѓани, невладини и владини организации и сите оние кои ги тангира овој проблем да им се приклучат.
Во прилог на соопштението ја испратија и локацијата на одржување на протестот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.