Андреј Стојаноски е шампион во секоја смисла на зборот.
Млад човек од кој може многу, многу да се научи.
Дете од Ѓорче кое е пливач од светски калибар со многу меѓународни достигнувања и срушени рекорди, успешен студент и дете за пример.
На пауза од неговите припреми за светското првенство во Полска најде време да се сретнеме заедно со неговиот татко кој му е најсилна поддршка.
Во кампањата сретнав многу луѓе, но Андреј ми остави посебен впечаток.
Шампионе, чест ќе ми биде да дадам мал допринос во твоите успеси, затоа што тоа се успеси на Македонија.
Вратата од општината за тебе ќе биде секогаш отворена.
Секогаш, напиша на Фејсбук, кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО ДПМНЕ, Александар Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.