Квалитетен живот и остварување на ветеното се главните барања на жителите во Ѓорче Петров, смета Александар Стојкоски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за општината. Тој и неговиот тим посетија илјадници домови ширум Ѓорче, отидоа во секое маало, населба, село. Според нив, тоа е најдобар начин за комуникација со граѓаните кои ќе го практикуваат и по доаѓањето на чело на општината.
„Непосредниот контакт е најдобар начин да размениме мислење и да допреме до секој еден жител. Денес зградите кај Јурија, одличен прием! Продолжуваме без запирање до победата!“, напиша Стојкоски на „Фејсбук“.
Претходно тој беше и во Хром, каде разговараше со граѓаните, кој ја добија програмата, поставуваа прашања и добиваа одговори.
„Победнички Хром“, смета Стојкоски.
Кандидатот Стојкоски се сретна и со дел од спортистите во Ѓорче. Заедно со него, беа и носителот на советничката листа Ленче Нелоска, како и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.
„Поддршка кон младите и спортот, преку ракометот – спортот со кој и јас растев. Средбата со ракометарките и стручниот штаб на РК Ѓорче Петров – – ЖРК помина одлично. Среќа е да се гледаат овие млади успешни спортисти, со ентузијазам и ведар дух, кои го даваат максимумот на теренот“, напиша тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.