Младиот и скромен Андреј Стојаноски е спортскиот бисер на Ѓорче! Импозантен спортист, со високи резултати во пливањето! Еден од спортистите со кои се гордееме.
Заедно со претседатеката на Советот на општината Ѓорче Петров, Ленче Нелоска се сретнавме пред неговото заминување на СП, кое ќе се одржи во Полска. 27 годишниот Андреј е вицешампион во пливање на СП во Тексас, соборува државни рекорди, има 5 спортски оскари и над 300 награди и медали. Чест ми е да дадам скромен допринос на овие врвни резултати, затоа што тоа се успеси на Македонија.
Спортот е најголем амбасадор на државата, а Андреј со своите успеси на меѓународната сцена придонесува за вистинска промоција на Ѓорче и Македонија.
Ѓорче Петров ќе ги поддржи вистинските шампиони и ќе ги мотивира кон нови спортски дострели. Шампионе, среќно и те чекаме на “златната порта” со медалот од Гливице, објави на Фејсбук, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.