Новиот градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски објави дека веќе се почнати работите за изградба на парк со зони за одмор на булеварот „Македонска војска“.
Стојкоски информира дека е планирана изведба на дрворед долж булеварот и пешаки патеки, со што почна реализацијата на неговото ветување за враќање на местата за маалска дружба.
🌳Сакаме повеќе зелени површини, затоа и веднаш почнавме со изградба на паркот со зони за одмор на булевар „Македонска војска“.
☘️Планирана е и изведба на дрворед долж булеварот и пешачките патеки, со современ систем за наводнување.
🙋♂️Ова катче ќе биде место за маалска дружба, бидејќи ветивме дека го враќаме тоа што во Ѓорче недостасуваше.
📌Ѓорче станува урбана, но и зелена општина – порача Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.