Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски преку социјалните мрежи упати сочуство до семејствата на загинатите во трагичната несреќа која се случи на територијата на Бугарија.
„Во мое лично име и во име на граѓаните на Општина Ѓорче Петров изразувам длабоко сочувство на семејствата, чии блиски ги загубија животите во трагичната несреќа која се случи на територијата на Бугарија.
Длабоко сме потресени од несреќата. Неизмерна е болката и тагата која ја чувствуваме за изгубените животи. Нашите мисли се со семејствата на жртвите и нивните најблиски.
Посакуваме од срце брзо закрепнување на повредените“, стои во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.