Километарска пешачка зона ќе биде направена на улицата „Шар планина“ во населбата Даме Груев, која сега е неосветлена и небезбедна, поради тоа што нема ниту тротоари, ниту осветлување.

Реализација на ваков проект вети кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, кој смета дека ова место ќе биде одлично за спорт и рекреација за сите жители на населбата, но и општината.

Оваа улица покрај за сообраќај, локалното население често ја користи за слободните активности во попладневните часови. Овдека тие шетаат со своето семејство, со своите пријатели, дел од нив ги шетаат тука и своите домашни миленичиња. Но, оваа улица во вечерните часови е многу небезбедна, бидејќи е неосветлена и на нејзе нема тротоари од двете страни. Во мојата изборна програма предвидувам изградба на пешачка зона, пропратена со бројни зони за спорт и рекреација, како и места на кои што граѓаните ќе можат да седнат и да поразговараат – вели Стојкоски.

Во програмата на Стојкоски има повеќе инфраструктурни проекти, а Стојкоски вети и отворање на нови сообраќајни артерии за да нема гужва низ Ѓорче Петров и околните населби.

Стојкоски секојдневно е со граѓаните на терен, а како што порачува, таквата пракса ќе ја воведе и кога би ја презел функцијата градоначалник. Според него, програмата стигнала до сечиј дом, а за тековните активности информира и на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.