Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, оствари средба со претставници на Институтот за истражување и анализи на политики „Ромалитико“, со кои рагледа детали и идеи за проектот „Заедно до просперитетна заедница“, чија цел подобрување на приоритетните потреби на заедницата.

Спојот на различностите во Ѓорче Петров е наша предност, бидејќи културите и желбата за подобра општина нѐ обединуваат. Неселективноста и еднаквиот пристап кон секој поединец или група, секоја националност или религија, се едни од главните принципи на моето функционирање. Она што на сите ни е заедничко, е што сме жители на Ѓорче, кое ќе е модерно, урбано и хумано!

 

Претставниците на Институтот за истражување и анализи на политики „Ромалитико“ споделија многу идеи, визии, но и детали за проектот „Заедно до просперитетна заедница“ поддржан од УСАИД – Македонија. Преку него, тие учествуваат во подобрување на приоритетните потреби на заедницата – порача Стојкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.