Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Александар Стојкоски, пред граѓаните на општината порача дека неговата цел е да создадеме силни поколенија, да создадеме силни индивидуи.
Затоа како кандидат за градоначалник за најмладите во нашата изборна програма се обврзуваме за изградба на две нови детски градинки, како и доградба и проширување на постоечките капацитети на веќе изградените градинки – истакна Стојкоски.
Тој посочи дека за учениците гарантира подобрување на условите преку реконструкција на дотраените објекти и нивно осовременување со нови енергетско ефикасни фасади и замена на постојните азбесни кровови. Реновирање на дотраените спортски сали и изградба на три нови мултифункционални игралишта, од кои едното во основното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“ другото во Ново Село и третото во основното училиште ,„Страшо Пинџур“.
Стојкоски истакна дека гарантираат и нови вон-школски програми за странски јазици и за изучување на ИТ вештини.
Мојата цел е да создадеме силни поколенија, да создадеме силни индивидуи, кажа Стојкоски и ги посочи следниве проекти:
– Реконструкција и осовременување на фасадите од училиштата со нови енергетско ефикасни фасади.
– Реновирање на дотраените спортски сали и изградба на три нови мултифункционални игралишта,
– Нови вон-школски програми за странски јазици и изучување на ИТ вештини,
– Средства за стимулирање и стипендии за најдобрите ученици и спортисти,
– Подигнување на нови 20 илјади м2 нови зелени површини и реконструкција на истите,
– Целосно санирање на дивата депонија во Ново Село
Општината ќе обезбеди и средства за стимулирање на надарените и талентирани спортисти и ученици. Преку наградување на најдобрите, најуспешните а финансиски ќе ги поддржиме учениците и нивните ментори за учество на државни и меѓународни натпревари. Ќе доделуваме и стипендии за најдобрите ученици и спортисти – истакна Стојкоски.
Тој додаде дека спортските клубови ќе имаат силен сојузник во него и најави дека новиот спортско-рекреативен центар во Хром со уредениот кеј на реката Вардар, ќе биде централно собиралиште на сите спортисти од општината.
Гарантираме и подигнување на над 20 илјади м2 нови зелени површини со парк во секое маало. Нови паркови во Волково, Ново Село, Мирче Ацев, Хром, Дексион како и целосна реконструкција на централниот парк во срцето на Ѓорче Петров – потенцираше Стојкоски.
Тој истакна дека гарантира и целосно санирање на дивата депонија во Ново Село, како и уредување на просторот со нови зони за спорт и рекреација.
Ќе направам се што е во моја моќ да го дигнеме стандардот на граѓаните во Ѓорче Петров со урбанизација и изградба на подземната инфраструктура на индустриската зона и да создадеме услови за развој и влез на нови инвестиции – заклучи Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.