Квалитетното образование е клучно за развој на кадри и генерации со кои ќе се гордееме, вели Александар Стојкоски, градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров. Тој се сретна со м-р Анкица Спасова од ООУ „Тихомир Милошевски“ од Ѓорче Петров која е прогласена за просветен работник на годината во учебната 2020/21 од страна на Град Скопје.

Образованието е многу важен сегмент од општествената алка и напорно ќе работиме да ги подобриме состојбите. Заеднички со наставниот кадар во план е да реализираме активности кои во иднина ќе продуцираат квалитетни кадри и генерации со кои ќе се гордееме.
Со Анкица поразговаравме и во оваа насока. Организирање работилници не само за децата, туку и за родителите со акцент на тоа колку е важно квалитетното образование е еден од предлог-проектите за кои разговаравме, а е потребно да се имплементира што поскоро во училиштата, вели Стојкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.