Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, заедно со претседателот на Советот на Општината, доктор Ленче Нелоска, ги посетија штитениците од Центарот за помош на лица со ментален хендикеп „Порака“-Неготино, за каде обезбедија донации – покуќнина и прехранбени продукти. Тие учествуваа и на на една од нивните ликовни работилници.
Задоволство е да се помине утрото со овие лица на кои малку им е потребно за среќа.
Овој центар е многу посветен на својата работа. Ќе работиме заеднички во иднина на повеќе проекти, со акцент на подигнување на свеста за животната средина, менување на навиките за чистотата и едукација за селекција на отпад.
Новогодишните празници се можност да подаруваме и да си помагаме. Голема благодарност до „Стружанка“ и општествено одговорни компании што ни излегоа во пресрет во однос на донациите кои ги поделивме во центарот, сподели градоначалникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.