Општина Ѓорче Петров го одбележа Светскиот ден на детето, 20 моември.
По тој повод, градоначланикот Александар Стојкоски присуствуваше на училишна манифестација при што порача дека секогаш ќе биде тука за да помогне да се решат сите проблеми што ги засегаат децата и учениците.
Кој ако не децата, ќе не потсетат дека постоиме за нив, за нивното поубаво утро?
Денеска по повод Светскиот ден на детето имав можност да се потсетам на периодот наречен „детство“, но и гледајќи ве вас, да се запрашам: Што можеме да промениме заедно во најдобар интерес на детето? Еднакви права, бесплатно основно образование, добро воспитување е должноста зад која стоиме.
Да создадеме амбиент на соживот, почитување на различностите. Дијалогот, а не насилството да биде основа за решавање на проблемите. Децата имаат најголемо право да бидат среќни секој ден, секој со своја желба, соништа и своја страст.
Ќе бидам секогаш тука за вас, како најголем пријател и сојузник да ги решаваме прашањата кои ве засегаат. Вие сте идните носители и промотори во развојот на државата. Секој ден нека биде убав, како денешниов – порача градоначалникот Стојкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.