Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски објави ценовник според кој работи општината предводена од Златко Марин.
Според ценовникот, како што објави ВМРО-ДПМНЕ и вчера, Златко Марин плаќа 300 евра за еден метар дрвена штица.
Според набавките на Златко Марин – „Дрвен столб од 1 метар (10cmx10cm)“ се плаќа 300 евра, без ДДВ, а со ДДВ изнесува 350 евра. Еден метар дрвена даска! Математиката вели цел дрвен столб од 4 метри, би изнесувале фантастични 1.400 евра, или метар кубен, како што се купуваат даски, летви, граѓа – според Златко Марин треба да чини – 35.000 евра, вели Стоилковски.
Една лед светилка за 48.000 денари.
Обрач за кош за 15.000 денари.
Чешма, метална чешма за вода 65.000 денари! Над 1.000 евра за една чешма за вода.
Славина за вода 7.000 денари.
Корпа за отпадоци 16.000 денари.
Клупа за седење 15.000 денари.
Овие цени се вон сите параметри за стопанско работење во Македонија. Овие цени се вон разум во години на економска криза во која што потона Македонија. Овие цени може да ги плаќа само некој кој што во нечистотијата гледа голф терени. Ова не се цени кои што кажуваат за добро водење на општината. Напротив кажуваат многу за Златко Марин, за СДСМ и за Зоран Заев.
Граѓаните на општина Аеродром, на Скопје, но и на цела Македонија, по ваквите ценовници и испатени суми, заслужуваат да знаат дали Златко Марин има или може да извади документ за деловна способност да управува со буџетски пари на граѓаните? Вака како што Марин ги троши парите, на сето ова и за телефони, и за фонтани кои што не работат, а ги гледавме по социјалните мрежи, на скапи ПР агенции и на обиди за наградување на медиуми за промо – прилози за неговата работа во Аеродром, 300 евра за едно метро дрвена летва – е се, само не домаќинско работење!
За ова мора да има одговорност!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.