Пожарот во бараките на ЈП „Улици и патишта“, кој ја опустоши документацијата и целокупната архива за работењето на ова претпријатие е четврти пожар по ред во државна институција.
Уште е нејасно што се изгорело, кога и како настанал пожарот и која е причината за тоа. Дали станува збор за намерно подметнување на пожар со цел да изгорат одредени материјали и доколку да, каков криминал се штити? Пожарот во ЈП „Улици и патишта“ доаѓа по низата пожари во државни инстутуции, како СЕП, Инспекторатот за животна средина, Министерството за правда”, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и ги повикува ОЈО и надлежните институции детално да го истражат случајот, да се ослободат од притисокот на власта и да работат исклучиво по слово на законот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.