Семејната фирма на Александар Филиповски- Цанде, кандидатот на СДСМ за Аеродром, од буџетот зема речиси три милиони евра! Три милиони евра од буџетот за фирма на кандидатот на СДСМ за Аеродром. На два дена пред крајот на кампањата медиумите објавија за набавка вредна 2.9 милиони евра набавка од ЈП „Македонија пат“ на возила за чистење снег од „Технокомерц“, семејна фирма на Александар Филиповски – Цанде, изјави на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој посочи дека ова дава точен показател за улогата и идејата што сака СДСМ да продолжи да прави во Аеродром и насекаде низ Македонија, бизниси за семејни фирми со пари од јавниот буџет!
Тоа е СДСМ тоа е таа матрица која што не се менува! Со СДСМ нема друго, со Цанде не може поинаку, нема кандидат од СДСМ што не знае подруго од ставање раце во јавниот буџет! Та нели Заев избира луѓе што личат на него! ЈП „Македонија пат“ купува возила за чистење снег од семејната фирма на Филиповски – Цанде, кандидатот на СДСМ за Аеродром,„Технокомерц“.Сумата е 177 милиони денари 2,9 милиони евра! „Македонија пат“ соопштува дека набавката е направена „по подолг период“, а нема одговор зошто сега, кога Филиповски е во кампања. Според информациите, парите на „Македонија пат“ и се пуштени од Владата, од ланскиот буџет, а набавката е направена без електронска аукција. Добиени биле две понуди со иста вредност, ама одбрана е фирмата на Филиповски. Фирма во рацете на лица – политичари од транзицијата, татко и чичко на Цанде, пари од буџетот за семејната фирма каде стои потписот на братучед на Цанде Филиповски, појасни Стоилковски.
Портпаролот додаде дека се даваат пари од буџетот, на сметка на Филиповски, а тој тера кампања.
СДСМ ви го нуди Цанде, којшто во очи на избори од буџетот на семејна фирма му легнуваат речиси 3 милиони евра! Всушност Цанде Филиповски добил 3 милиони евра за да финансира кампања! Поинава логика нема. Прашањето е, што се Цанде Филиповски треба да направи за да се оддолжи на спонзорите? СДСМ го опустоши Аеродром четири години, скандалозните тендери и набавки ја згрозија јавноста, како онаа набавка од 300 евра за метар даска. Ова не е ништо поразлично од скандалот во Битола, со договорите со РЕК Битола, ова не е ништо поразлично од било каде во Македонија и кандидатите на СДСМ, додава Стоилковски.
Тој е убеден дека нема полошо од СДСМ, ниту за Аеродром, нема полошо од СДСМ за било каде во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.