Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО ДПМНЕ на Фејсбук објави колку противпожарни возила се отидени во ветер.
Да не му ја зезнам забавата на Ваљон, портпаролот на Град Скопје, вечерва набрзина само ќе пресметам што се наброив, колку противпожарни возила се отидени во ветер.
– Продажба кај “Треска”- вредност 1.700.000 евра, продадено за 100.000.
– Скалата- 1.700.000 евра, реална вредност 800.000.
– Градска Куќа продадена за 12.700.000 евра, Г.Скопје се уште се во бараките.
– Кејот кај ГТЦ- 1.500.000 евра, со бетонирани дрва и плочки од 70 евра квадрат.
– Пасиштето “Шилегов” на плоштад 540.000 евра (ако му се верува на Петрета). Тревата е донирана од анонимни граѓани!?
Грубата пресметка на денот е над 17.000.000 евра!
Тоа се 85 противпожарни возила во ветер. Колку рече дека биле, 200.000 евра. Ама ВМРО не купило, садело врби.
И не се преброени платите за 50% зголемена администрација.
А уште колку има, свесен си Ваљон Valon Salihu ?
Се уште е вторник. Ама пазарниот ден нека заврши тука.
Излези, забавувај се.
Резервирај пак некаде со шише “Белведере” Водка.
40тина евра во продажба, во ноќен клуб колку е?
100- 150 евра?
Што е тоа за Ваљон портпаролот на Град Скопје , портпаролот на Петре Шилегов , ако може Шилегов да лежи во Хрватска на плажа?
Вторник, пазарен ден, Ваљон сам дигнал рака.
Скопје заслужува да ја знае вистината!
Што си дигал рука бе Ваљон?, пишува Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.