Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ бара од Љупчо Николовски, заменик на премиерот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси да побара одговорност од Златко Марин, градоначалник на скопската општина Аеродром кој распиша оглас за награда за медиуми и новинари.

Сега очекувам и Љупчо Николовски, министерот ЗА корупција, да побара одговорност од Марин. Ниедна лага и манипулација не им минува повеќе, ни во Аеродром, а ниту во светот!, пишува Стоилковски.

Здружението на новинари на Македонија побара Златко Марин градоначалникот на Аеродром да го повлече распишаниот оглас за медиуми и новинари.

Неколку дена го повикував да го повлече овој срамен обид за поткуп на медиуми преку распишан конкурс за фалење на неговата изборна платформа на СДСМ “стратегија 21-25” за голф терени во Лисиче.
ЗНМ јасно укажува дека овој оглас:
-Создава етички конфликт
-Ја нарушува објективноста на медиумите
-Конкурсот е обид за влијание врз уредувачка политика,
-Ќе предизвика штета на медиумската сцена
-Со тоа страда јавниот интерес
-Му се посочува на Марин потреба од транспарентност во интерес на јавноста
Сега очекувам и Љупчо Николовски, министерот ЗА корупција, да побара одговорност од Марин.
Ниедна лага и манипулација не им минува повеќе, ни во Аеродром, а ниту во светот!, пишува Стоилковски на фејсбук.

Здружението на новинари на Македонија побара Златко Марин градоначалникот на Аеродром да го повлече распишаниот оглас за…

Posted by Naum Stoilkovski on Saturday, 13 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.