Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи реагира за тоа што општина Аеродром во дел од фонтаните на нејзината територија сади цвеќиња и дрвца.

Златко Марин, ај те молам објасни ми го перформансов, од фонтана да направиш саксија?
И кој се сети на патека од распукани плочки да нареди платформа од бродски под?
За што служи ова?
Колку сега чини метро даска за ваква платформа?
Сериозно, кој е „автор“ на делово? – прашува Стоилковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.