Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, реагира дека клупи за кои градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, соопшти дека се потрошени по 500 евра, во вечерните часови се навлажниуваат од прскалките за тревниците во околината.
Како што истакнува Стоилковски, таквото навлажнување на клупите предизвикува искривување и оштетување на даските.
Клупите на Шилегов од 500 евра со тропско дрво, навечер ги наводнуваат, а даските самите „опиени“ се виткаат.
Ќе се смеев да не беше планиран „арч“ на буџетот за менување на даските на клупите од егзотично дрво двата направени во период од шест месеци.
* Термините тропско и егзотично се од договорите за клупи и за реконструкција на урбана опрема – коментира Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.