Тоа што во Скопје ништо не изгради, не значи дека Шилегов не знае да гради. Затоа куќата на Петре Шилегов се доградува, оние 306 квадрати, добиваат дополнителен луксуз!, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Стоилковски:

Тука сум да му честитам на градоначалникот во заминување, Петре Шилегов за реновирањето и подновувањето на неговата 306 метри квадратни луксузна куќа во Скопје.

Тоа што во Скопје ништо не изгради, не значи дека Шилегов не знае да гради. Затоа куќата на Петре Шилегов се доградува, оние 306 квадрати, добиваат дополнителен луксуз!

Градоначалникот во заминување, на крајот од мандатот, додава уште дополнителен луксуз на неговата 306 квадрати луксузна куќа.

Да потсетам, среде мандатот, Шилегов се поднови и со луксузна огромна викендичка на Маврово, како навел, што ја платил 55.000 евра. Тоа е онаа луксузна викендичка на Маврово каде што бегаше за време на короната додека цело Скопје беше во карантин.

Во Скопје ништо не се изгради, ама Шилегов доби луксузно здание, викенд куќа на Маврово, а сега реновира и доградува луксузна куќа во Скопје од над 300 квадрати. И се тоа со чиновничката градоначалничка плата.

Шилегов мандатот го завршува со имот од четири стана со вкупно речиси 300 квадрати, луксузна куќа во Скопје, и секако со луксузна викендичка на Маврово со која што Шилегов се поднови среде мандатот!

Тоа што економијата во Македонија тоне, Скопје изгледа на буниште, тоа што ништо што вети не изгради, не значи дека Шилегов не знае што е градба и што е луксуз.

Не ја изгради Треска, ниту ја изгради Универзална, Скопје не доби тунел под Кале, ниту нов Драмски театар. Ама затоа Шилегов луксузна викендица, уште еден луксуз од куќа, и прашање е дали е тоа се?

Почитувани, тука сум да му честитам на Скопје крај на едно мрачно време, со надеж дека Шилегов ќе може да го оправда со штедење ова луксузно подновување во само 4 години мандат!

Да потсетам, истите 4 години мандат во кои Македонија се бореше со корона, отпуштања на работници, затворени фирми, длабока рецесија, поскапувања и сиромаштија; 4 години катастрофа за Скопје и за граѓаните на Македонија!

Нема ништо полошо од СДСМ, нема ништо полошо од Шилегов за Скопје!, заклучи Стоилковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.