Насилствата на СДСМ против фер изборен процес не застануваат, обвини портпаролот на ВМРо-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој информира дека вчера вечерта еден час по полноќ, во Скопје е нападнат советник на ВМРО-ДПМНЕ, советник од општината Аеродром, воедно и претседател на општинскиот младински комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Во тоа време група предводена од директорот на ЗОО Скопје, директор поставен од Петре Шилегов, познат како Чомбе, при присуство на полиција, води група за оштетување на изборните билборди на ВМРО-ДПМНЕ, што е најстрого забрането со закон.
Да го погледнеме видеото на коешто се гледа како групата на Чомбе во присуство на полиција како сквернави изборен материјал – посочи Стоилковски.
Посртпаролот на ВМРО-ДПМНЕ истакнува дека таквата постапка е дело против изборите и е забрането.
Ова дело против изборите е правено и организирано и спроведено од директор поставен од Петре Шилегов и е направено во присуство на полицијата. Ова е нервоза на терен, знаат дека ги губат изборите и се повеќе се служат со физички насилства. Ова е класична злоупотреба, директор на ЈП, функционер од СДСМ, во присуство на полиција, организира група и дејствува против изборите. Сквернави пропаганден изборен материјал, на јавен простор.
Нападот врз советникот се случува откако е забележано дека советникот ја снимил оваа групата, во ова нивно противзаконско делување. Тој бил заобиколен со возилата од групата предводена од Чомбе, по што следел и физички напад.
Сето ова е пријавено во полициската станица, но во атмосфера и недемократски систем, кога полициски службеници се користат како партиска милиција за притисок, терор и обезбедување при дело против изборите, како што е ова регистрирано на видеото, за сето ова ќе бидат известени сите релевантни амбасади и меѓународни институции надлежни за набљудување на изборниот процес – истакнува Стоилковски.
Тој потенцира дека ништо не може да создаде недемократска и насилна атмосфера, освен режим во својот слободен пад.
Почитувани, ниеден одговор, ниедна гаранција не е посилна од излезност и глас на избори за градење на вистинска демократија.
Ниеден одговор кон режимот и партиските милиции не е посилен од масовна излезност и црвен картон кон режимот.
Останувањето дома е одобрување на сето ова, на криминалот и злоупотребите на системот за партиски цели.
Нема полошо од СДСМ, за Скопје нема полошо од Шилегов! – порачува Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.