Според извештаите поднесени до градското собрание за работата на јавните претпријатија ЈП Паркови и зеленило има дури 26 лица вработени во секторот финансии, колку што би се очекувало во силна фирма со огромна добивка, соопшт портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. Според него, вработувањата биле предизборни и партиски, а Но претпријатието годинава според финансиските извештаи ова градско претпријатие немало потреба од зболемен број на врботени бидејќи има остварено добивка на исто ниво како лани, кога половина година не се работеше и државата беше во карантин.
Трошоците за плата за вработени, пак, се со раст од 5,6%, или речиси 10 милиони денари, а наведени се и „Останати трошоци за вработени“ со неверојатна разлика од 90% споредено со ланските 9 месеци. Речиси дупло. Од нив, од овие 90% најмногу се дадени за времени вработувања преку агенциите или повторно има зголемување за 10 милиони денари пари за привремени вработувања. Значи за 9 месеци се исплатени 20 милиони денари повеќе за плати. 10 милиони за привремени вработувања, онолку колку што има зголемување за платите за вработените, вели Стоилковски.
Тој објаснува дека ова би значело дека компанијата работи со неверојатен финансиски успех, но, според извештајот поднесен пред Советниците во Град Скопје, споредбениот нето-ефект од лани е само 3.823 денари!
Притоа, годинава бришени се долгови, трикратно се даваат пари за нотарски трошоци заради зголемени побарувања од други јавни претпријатија, најмногу Водовод со 43 милиони денари, што значи дека до крајот на годината со вакво темпо ЈП Паркови и зеленило или ќе нема пари за плати или ќе се стави на товар на Град Скопје. Доаѓаме до прашањето дали ЈП Паркови и зеленило годинава било ставено во функција на локалните избори? Зголемени расходи за редовни плати и за привремени вработувања, значи и ангажирање на сезонски работници пред изборите, со ист финансиски ефект како и лани за компанијата. Дали било наложено полнење на ЈП со времени вработувања од спектарот предизборни вработувања со коруптивна заднина за кои што алармиравме во предизборието, за сега да се остави компанијата да се снаоѓа за плата до крајот на годината, прашува ВМРО-ДПМНЕ.
На крајот, Стоилковски вели дека нема јавно претпријатие коешто не било злоупотребувано и коешто има успех во работата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.