Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, обвини дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, склучил договор во име на Градот со своето, односно со адвокатското друштво Шилегов.
Како што реагира Стоилковски, додека Мaкедонија тоне во долгови, работниците чекаат милостина, граѓаните се се’ посиромашни, криминалот и корупцијата од функционери на СДСМ расте.
Петре Шилегов како градоначалник на Скопје плаќа консултации за правни работи – внимавајте – сам на себе! Градоначалникот Шилегов склучил договор и го плаќал адвокатското друштво Шилегов. На Петре Шилегов малку му е платата како градоначалник на Скопје, особено што не работи ништо, па мора и хонорар да зема од градската каса! Со години, Петре адвокатот го советувал градоначалникот Шилегов за правни работи. И за тоа си исплаќа по 50.000 денари месечно. Или во просек, Шилегов си потпишува консултантски услуги сам на себе, за што скопјани му плаќаат околу 10.000 евра годишно. И тоа Шилегов го прави со години – истакна Стоилковски.
Како што рече Стоилковски, ова е класичен криминал, класичен судир на интереси, класична корупција и злоупотреба на позиција на функција.
Стоилковски потенцира дека без трошка срам, а и спротивно на законот за спречување на корупцијата, Шилегов како градоначалник користи услуги од неговата фирма, адвокатско друштво „Шилегов и партнери“, со што ја празни градската каса.
Наместо поквалитетни услуги за скопјани, Шилегов си обезбедува уште по 50.000 денари месечен хонорар покрај платата, а за возврат, поскапува паркинзи за скопјани со образложение дека нема пари во градската каса. Се’ мора да поскапи за да има за Шилегов за хонорари, и за таквите како него, покрај функционерската плата да има и за хонорари за услуги. Градот Скопје тоне во смог, градот Скопје тоне во смет, тоне во бетон, за проблемите нема пари за решение, ама има пари за хонорари од Петре за Шилегов! За Петре Шилегов мора да има, а не мора да има за спортот, не мора да има компјутери за децата сега при онлајн нобразование. Ете почитувани, затоа нема напредок во справувањето со корупцијата, затоа нема реформи, затоа Македонија тапка во место во правото и во правдата, затоа има владосудство, за луѓето како Петре Шилегов, покрај платата да земаат уште илјадници евра на име на хонорари и тоа да си го потпишуваат и исплаќаат сами на себе – потенцира портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Стоилковски посочува ека вакциот договор отвора повеќе прашања за копишто јавноста и граѓаните на главниот град треба да добијат објаснување.
Што тоа Петре го советувал Шилегов? Ако ова е, а е спротивно на Законот, ќе бара ли Градот сега отштета од Шилегов за лошо советување? Дали овие приходи се главниот извор за енормниот раст на личното богатство на функционерот Петре Шилегов? И трето, дали институциите ќе се позанимаваат со овој случај или повторно владосудството ќе го покрие криминалот на функционер на СДСМ? Петре Шилегов беше еден од најгласните поддржувачи на оној часовник на Порта Македонија, и во тој дух, Петре Шилегов мора да ги врати сите пари подигнати од буџетот на име консултации од сам себе, за конечно часовникот за криминал и корупција да заврти во спротивна насока – истакна Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.