По големиот број на реакции и барања од страна на граѓаните на општина Гази Баба, вечерва 25.11.2021 година, градоначалникот Бобан Стефковски заедно со инспекциската служба на општината излезе на терен во обиколка на дивата депонија Вардариште.
Оваа еко-патрола од вечерва ќе функционира на територија на општина Гази Баба, односно инспекциските служби од вечерва ќе бидат на терен и во попладневните и вечерните часови со цел спречување и санкционирање на загадувањето на животната средина.
За посетата градоначалникот Стефковски на својата страна на фејсбук напиша: Вечерва бев на терен заедно со инспекциските служби од општина Гази Баба во еко-патрола низ дивата депонија Вардариште.
Од вечерва, инспекциските служби од општината ќе бидат на терен и во вечерните часови, се со цел да спречиме согорување и депонирање на отпад на јавни површини во попладневните и вечерни часови.
Заштитата на животната средина е на врвот на моите приоритети. Ќе се санкционира согласно Закон секој, кој ќе пали, согорува, депонира или на било каков начин ја загадува животната средина. За тоа го имате мојот збор!”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.