Кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Бобан Стефковски, одржа средба со претставници од Мисијата на ОБСЕ во Скопје. На средбата Стефковски, ги информираше претставниците на ОБСЕ за текот на изборната кампања, како и за досега утврдените злоупотреби на државните ресурси за партиски цели од страна на СДСМ во Општина Гази Баба.

ВМРО-ДПМНЕ спроведува позитивна кампања и посакува фер и демократски избори, на кој граѓаните ќе можат без никаков притисок да донесат одлука на кого ќе ја дадат својата доверба на 17 октомври, истакнал Стефковски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.