Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес беше во посета на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, каде што направи промоција и увид на новата опрема на ЈКП Гази Баба, набавена со средства од буџетот на општина Гази Баба. За посетата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук.
ЈКП Гази Баба доби нова опрема
Денес, бев во посета на Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007, каде правиме промоција и увид во новата опрема во вредност од 2.700.000 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба.
Новата опрема се состои од 6 контенери за кабаст отпад и камион специјализиран за подигање на истите.
Од следната недела, контенерите ќе бидат поставени по Урбаните и Месните заедници каде граѓаните ќе можат да го одложуваат својот покрупен и кабаст отпад.
Ова е уште еден проект кој ќе придонесе за подобрување на комуналната хигиена и почистата животна средина во општината.”
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.