Денес, 30.12.2021 година во посета на општина Гази Баба беа членовите на Здружението на граѓани “Совет на родители на деца и лица со церебрална парализа Златни Ангели”, тие во општината имаа средба со градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, претседателот на Советот Дијана Илиевска и Дедо Мраз.

На средбата дечињата со церебрална парализа добија новогодишни пакетчиња.

Градоначалникот Стефковски истакна дека неговата и поддршката од општина Гази Баба ранливите категории на граѓани ќе ја имаат постојано.

За посетата, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална фејсбук страна.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.