Денес на одбележувањето на јубилејот, 45 години од постоењето на Општина Гази Баба најавувам нов почеток. Нов почеток за реализација на голем број на проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните на Општина Гази Баба, порача новиот градоначалник Бобан Стефковски на свечената академија по повод 45 години од постоењето на Општина Гази Баба, која се одржа синоќа.

Нашиот народот е поделен по сите основи. Имаме делби од етнички, верски и политички причини. Поделби на леви и десни. Доста е од поделби. Ги повикувам граѓаните на обединување. Ајде сите заедно да се обединиме зад новиот почеток. За реализација на сите зацртани проекти.
Повикувам на обединување и во составот на идниот Совет на Општина Гази Баба. Подавам рака на пријателство и соработка до секој еден советник, без разлика од која политичка партија доаѓа. Дајте ги вашите програми, вашите предлози и проекти и ајде заедно да работиме. На граѓаните на Општина Гази Баба им е преку глава од политика, новиот почеток на кој повикувам значи обединување на сите за развој и напредок на нашата Гази Баба, порача Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.