Денес завршува изборната кампања. Изминатиов период имавме можност да се сретнеме со голем број жители на општина Гази Баба, да поразговараме и да ја побараме поддршката, но и да ја презентираме програмата која ќе ја реализираме во следните четири години, изјави денеска кандидатот за градоначалник за општина Гази Баба на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Стефковски.

Тој ги повика сите во недела, на 17-ти октомври да дадат масовна поддршка за промени и за реализација на нови проекти.

ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба победува. Биди и ти дел од победничкиот тим, заедно да ја градиме општина Гази Баба, истакна Стефковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.