Денес, после 4 години управување со локалната самоуправа од страна на Борис Георгиевски и неговиот тим развојот на општината го има само во неговото скапо рекламирање на социјалните мрежи. Неговата програма „За живот“ го однесе животот, а донесе севкупна стагнација и уназадување. Ги нема ветените градинки во Керамидница, Сингилиќ и Инџиково. Абер нема од изградба на гасификацијата во општината, го нема ниту основното училиште Крсте Мисирков во Ченто и уште безброј лажни ветувања, истакна Бобан Стефковски, кандидат за градоначалник на општина Гази Баба од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него има многу факти и бројки кои недвосмислено го потврдуваат она што го говори, поради што и го разбирал бегањето на градоначалникот од СДСМ и нивните локални функционери од средби со урбаните и месните заедници. Вели бегаат од соочување со револтот поради неисполнетите ветувања и аферите кои ги оставаат позади себе.
Борис Георгиевски се среќава само со партиското членство чии потреби му беа приоритет за разлика од потребите на останатите граѓани.Како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, ја разбирам и мојата одговорност пред граѓаните кои очекуваат искрен пристап, реални, остварливи проекти и партнерство. Она што прво можам да го ветам е достапноста и отвореноста кон нив, затоа што тие се оние кои ја даваат довербата за остварување на проекти за општо добро. Како кандидат за градоначалник ја уверувам јавноста во Гази Баба дека имам лична визија и план како да ја развиеме општината на сите полиња. Тоа може да го постигнеме со стручен и одбран тим, квалитетен состав на Советот и секако со поддршка од граѓаните. Мојата замисла е да се допре до секој човек што претставува темел на мојата стратегија за развој на општината – изјави тој.
Најави дека ќе ги реши проблемите на граѓаните и цврсто стои позади неговите ветувања, бидејќи тоа се проблеми кои се таложат низ годините.
· Ќе ги решам проблемите со водоснабдувањето во месните заедници Раштак, Страчинци и Брњарци.
· Ќе реализираме проширување на постојните и изградба на нови фекални канализациони системи во повеќето руралните населени места.
· Проширување на постојните капацитети за згрижување на деца од предучилишна возраст како и изградба на нови детски градинки. И сакам од оваа говорница јавно да најавам најмалку три нови детски градинки во Гази Баба.
· Подобрување на патната и сообраќајната инфраструктура низ цела Гази Баба.
· Вложување во спортскиот живот преку изградба на нови спортски објекти низ цела Гази Баба.
· На местото на депонијата Вардариште ќе изградиме нов спортско рекреативен центар.
· Изградба на нови спортско рекреативни комплекси во Хиподром, Автокоманда и Црешево.
· Изградба на нова поликлиника во Автокоманда. Ова е тоа што го чекаме со години и децении и јас ве уверувам дека ова ќе биде мој приоритет во следните години.
· Комплетна реконструкција на домовите за култура во Колонија и Ченто.
Ова се само дел од моите планови кои во соработка со вас ќе ги реализираме, а наскоро ќе имате да ја видите и целата програма.
Граѓаните од општина Гази Баба со нетрпение ги очекуваат локалните избори во октомври со кои ќе се стави крај на криминалното владеење на Социјалдемократскиот сојуз со нашата општина.
Без разлика на партиската, националната или било каква друга припадност, ние сите заедно ќе ја развиеме општината. Ова е наша обврска и ќе го направиме.Време повеќе за чекање не остана, можеме и мораме да ја направиме Гази Баба гордост на градот Скопје, потенцира Стефковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.